(ВИДЕО) Карлеуша за тоа како ги воспитува ќерките: Кога ме прашуваат што значи Бог, јас им велам тоа е колективна шизофренија

Пејачките Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша го коментира христијанскиот празник Велгден. Очекувано, тие имаа различни ставови за празнувањето.

– Велигден? Па, добро, знае Марија, јас не знам, јас сум безбожница, изјавила Карлеуша, на што Шерифовиќ прокоментирала дека таа е бесрамничка.

Карлеуша додала дека иако таа не е верник, во нејзиниот дом се бојадисуваат јајца и празникот се почитува поради децата кои вели дека ги учи да ги почитуваат различностите.

– Моите ќерки знаат за различностите во верите. Често ме прашуваат што значи Бог, а јас им објаснувам дека тоа е колективна шизофренија, зашто тоа е чичко кој никој никогаш не го видел, рекла Карлеуша.

Коментари

Популарно