(ВИДЕО) Страотни сцени во Америка - торнадо корне дрва и превртува автомобили

За време на викендот се очекува САД да бидат погодени од пролетна бура, а градот Маунтинбург веќе бил погоден од помало торнадо во кое најмалку 4 лица се повредени.

Торнадото значајно го оштетил Маунтинбург во планината Озарк, наведува АП.

Директорот за вонредни ситуации од округот Крофот во САД, Бред Томас изјавил дека најмалку 3 лица се заробени поради торнадотот, додавајќи дека не знае во каква состојба се четирите лица кои се повредени и во моментов се во болница.

Низ целиот град можед да се забележат дрва откорнати од корен, превртени автомобили, турнати далеководи, како и оштетени згради.

Овој вид на невреме не е необично за месец април во САД, рекол метеорологот Џејк Бејтлич.

Коментари

Популарно