ВИДЕО: Голема змија ги шета снименна во студентски дом во Скопје

Студентите кои престојуваат во домот „Стив Наумов“ денеска беа изненадени од неочекуван посетител.

<div id="mvp-content-body-top" class="left" relative"="" style="margin: 0px; padding: 0px; border: 0px; vertical-align: baseline; outline-style: none; float: left; width: 820px;">

Имено, според објавите што некои од нив ги споделија на социјалните мрежи змија се појавила пред една од бараките на студентскиот дом. Студентите кои со затоплувањето на времето започнале да ги отвораат прозорците од своите соби, стравуваат дека во летниот период би можеле да добијат несакан цимер.

Некои од нив сметаат дека причината за појавување на змија во непосредна близина на влезот на една од бараките, е неискосената трева во дворот на студентскиот дом.

Студентскиот дом Стив Наумов е лоциран во населбата Автокоманда и е составен од три згради и 8 павиљони. Првите две згради се изградени во 1964 , додека третата зграда е изградена во 1992 година. Пред неколку години, во употреба беа пуштени новите павиљони кои никнаа на местото на старите бараки. Во нив се смета дека има најповолни услови за престој на студентите, за разлика од останатите делови за кои студентите во многу наврати се жалеја дека има екстремно лоши услови за живот.

 ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

Коментари

Популарно