Спремете се за температури над 30 С

Денеска не очекува топол и сончев ден, со максимални температури од 25 до 27 степени. 

Во текот на следната седмица територијата на нашата држава ќе биде зафатена од Африкански (прв летен бран) оваа сезона која ќе услови значително повисоки температури на воздухот од вообичаените за овој дел од годината.

Сепак и покрај тоа што температурите на воздухот ќе бидат далеку над просекот за овој дел од годинатасепак и не е нешто неочекувано за нашиот дел од Европскиот Континент.

Времето ќе биде стабилно и суво но сепак од вторник ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе има услови и за локална појава на град.

Ситуацијата околу оваа работа КОНТИНУИРАНО ќе се следи и НАВРЕМЕНО ќе ве информираме за секоја ново – настаната временска состојба.

Максималните дневни температури на воздухот речиси насекаде ќе се искачат до околу 20 степени па и повеќе додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат до околу и над 30 степени (некаде до околу 31, 32 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Коментари

Популарно