Сончево, но со можен дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, попладне со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а највисоката дневна температура ќе биде од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. 

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од девет до 29 степени.

Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Коментари

Популарно