Невреме во Србија - попладне доаѓа и кај нас!

Ова попладне над соседна Србија се формираат олујни системи поради доста нестабилната атмосфера и истите се проследени со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а локално ќе има појава и на електрични празнења и на град.

Понатаму во доцните попладневни и вечерни часови оваа нестабилност ќе навлезе и во нашата држава поточно локален развој на нестабилност проследека со дожд и грмежи ќе има особено во северните предели како и во источната половина од државава.

Локално има услови за електрични празнења и услови за локална појава на град.

Да напоменеме дека во случај на електрични празнења граѓаните да бидат внимателни односно да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја а овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Да напоменеме дека нестабилноста започна и тоа некаде во северниот дел на Повардарието.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Коментари

Популарно