ВИДЕО: Матурските некогаш и сега

Албумот на Ленче Павловска е полн со слики од средношколските денови. Централно место во спомените  има екскурзијата низ Југославија,која беше традиција  во тоа време. 35 години подоцна , таа и нејзиниот клас од   гимназијата Корчагин , планираат да ја повторат турнејата на својата  младост. Подготовките за овој амбициозен проект се во тек. Една третина од класот живее надвор од Македонија, но и тие ветија дека ке дојдат, пренесе Сител.

Сликите ги разбудија и спомените за матурската вечер. Како вчера  да беше, си спомнува мојата соговорничка.

Тамара  и Ана се во последни подготовки за  прославата на матурската вечер. Едната има сошиено фустан, другата се уште бара. Остануваат уште само неколку дена до лудата журка, а фризурите и маникирот веке се договорени.

По прославата, девојчињата ќе се најдат пред друг, многу посериозен избор, како  понатаму и каде на факултет. Без оглед што ке одлучат нивното дружење ке продолжи.

 Но сето тоа е далечна иднина за Тамара и Ана, а  сега е најважен шопингот за матуркста на која и двете ке блеснат вополн сјај.

Коментари

Популарно