Нудат 600 евра месечно, сместување и 3 оброци

Во повеќе села во Србија се нуди работа собирање малини, а никој не се нафаќа иако платата е висока.

Се нуди дневница од 20 евра, аако се земе во предвид дека се берат малини секој ден 30 дена, тоа се 600 евра месечно. Понудата оди со сместување кое е бесплатно и три оброци на ден.

Има и пауза од два часа во најтоплиот дел од денот, поради заштита.

Сепак, сопствениците велат дека никој не се нафаќа на работата иако е добро платена и со поволни услови.

Коментари

Популарно