Во кои градови вечерва ќе има невреме со дожд и грмежи?

Како и минатите денови и денеска во Македонија се очекуваат врнежи и грмежи. До крајот на денот времето ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи, но со послаб интензитет, која повеќе ќе биде застапена во источните делови.

Во вечерните часови, како и во текот на ноќта, се очекува постепено стабилизирање на атмосферата.

Од попладне и попладне на повеќе места во земјата имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. 

Најпрвин беа зафатени северозападните, а потоа се проширија и во западните и крајните источни делови односно во Беровскиот регион. Поинтензивни процеси имаше во Гостиварскиот, а особено во Кичевскиот регион каде имаше интензивен пороен дожд и грмежи, според радарската слика можна е и појава на ситен град. Оваа облачна маса продолжи да се движи од запад кон планините Караџица и Јакупица. Во Скопската котлина имаше зголемена облачност проследена со локален слаб дожд и појава на ретки грмежи.

Коментари

Популарно