(ВИДЕО) Папагали кои обожаваат да зборуваат

Некои видови на папагали многу лесно и брзо учат да репродуцираат најразлични звуци и говор на луѓе, па умеат да бидат навистина добри во тоа.

Меѓутоа, не е лесно да се избере вистинскиот папагал кој ќе биде способен веднаш да зборува.

Ниту еден продавач на домашни миленици не може да гарантира дека токму одреден вид или одредена птица ќе може да зборува.

Сепак, еден од оние видови на папагали кои најлесно можат да научат да ги имитираат звуците е африканскиот сив папагал, кој е многу често домашно милениче, и кој се смета за една од најинтелигентните птици во животинскиот свет.

Независно од видот, кога еднаш ќе научат да зборуваат, домашните папагали можат да станат многу забавни.

Коментари

Популарно