(ВИДЕО) Папагали кои обожаваат да зборуваат

Некои видови на папагали многу лесно и брзо учат да репродуцираат најразлични звуци и говор на луѓе, па умеат да бидат навистина добри во тоа.

Меѓутоа, не е лесно да се избере вистинскиот папагал кој ќе биде способен веднаш да зборува.

Ниту еден продавач на домашни миленици не може да гарантира дека токму одреден вид или одредена птица ќе може да зборува.

Сепак, еден од оние видови на папагали кои најлесно можат да научат да ги имитираат звуците е африканскиот сив папагал, кој е многу често домашно милениче, и кој се смета за една од најинтелигентните птици во животинскиот свет.

Независно од видот, кога еднаш ќе научат да зборуваат, домашните папагали можат да станат многу забавни.

ВИДЕО: Мистериозно суштество на плажа го шокираше светот

Суштество со необична форма се појави на плажа во Нов Зеланд и ги зачуди сите што го видоа.

Налик на желе, со силни виолетови и вели бои, морското битие кое се насука на плажата не изгледа како нешто од овој свет, меѓутоа Националниот институт за вода и атмосфера во Нов Зеланд сепак го идентификуваше суштеството.

Се работи за „лавја грива“, една од најголемите медузи на светот. Адам Дикинсон, кој со сопругата Ева и децата ја посети плажата, рече дека ова суштество било широко речиси половина метар.

„Одејќи по плажата видовме околу 100 насукани медузи“, рече тој.

„На крајот, отприлика на еден час одење наидовме на ова, бевме импресионирани“, додаде Адам.

Под вода краците на овој вид медузи може да достигнат дури 37 метри, што ги прави подолги и од синоиот кит.

ВИДЕО: Со пушка и ја разнел главата на змијата, но...

Били Форбус од Алабама во својата градина затекнал ѕвечарка, ја упукал со сачмарка и ја откинал главата и ја фрлил во заднитот дел од својот камионет за да му ја покаже на својот брат.

Еден час покасно кога пробал да ја тргне од својот камионет, обезглавеното тело на змијата пробало да го нападне.

Снимката на која се гледа како змијата , на која и останало мало делче од главата, се движи низ товарниот дел на камионетот, ја снимила Кери сопругата на Били.

- Мојот сопруг копал во градината кога налета на змија. Ме повика да донесам сачмарка и така и ја разнесе главата, а потоа со гребло ја фрли во камионетот и ја однесе кај својот брат.  Змијата за тоа време не мрдаше. Кога стигнавме до куќата на неговиот брат, почна повторно да напаѓа, раскажала Кери за Унилад.

Експертот за змии Тејлор Харис објаснил дека смијата се однесувала одбранбено и посеветувал дека во такви прилики подобро е да ја оставите змијата на мир.

- Рептилите повеќе реагираат на спиналните рефлекси отколку оние од мозокот, во нивниот ’рбет има суптсанции кои ги котролираат движењата и до некој одреден степен функционираат одвоено од мозокот. Нападот веројатно се случил како рефлекс кога почувствувала дека некој и се приближува, објаснил тој.

Популарно