Почна војната меѓу САД и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера воведе царини од 25% на увозот на кинеска стока во вредност од 50 милијарди долари.

"САД ќе воведат и дополнителни тарифи ако Кина примени контрамерки", стои во соопштението од Белата куќа.

Тарифите ќе се применат на вкупно 1.102 производи и ќе бидат поделени во два дела, потврди Белата куќа.

Првата рунда тарифи ќе се примени на увозот на 818 кинески производи во вредност од 34 милијарди долари, почнувајќи од 6 јули, а втората ќе се однесува на 284 производи во вредност од 16 милијарди долари, објави „Гардијан".

Во соопштението стои дека наводните мерки ќе ги погоди кинеските стоки „што содржат значајни индустриски технологии".

Трамп неодамна вети дека ќе го казни Пекинг за, како што рече, незаконските трговски пракси и крадење на американска интелектуална сопственост.

Кина набрзо потоа одговори дека планира да воведа тарифи од сличен обем и интензитет како одговор на САД.

„Кина не сака трговска војна, но кинеската страна нема друг избор освен остро да се спротистави на ова, поради кратковидното однесување на САД што ќе им наштети и на двете страни", стои на веб-страницата на Министерството за трговија на Кина.

Коментари

Популарно