10 начини на кои Заев може да го омекне срцето на Макрон

Франција не нѐ сака во ЕУ, а таман се договорија и опозиција и позиција да има референдум, само уште не се знае дали ќе е задолжителен (како ќе не натераат?) или неформален, колку да се рече. Ама Зоран Заев не е човек што така лесно се откажува. Тој планира да патува во Париз кој е во истата таа Франција за да му го омекне срцето Макрон. На кој начин? Еве некои начини на кои може да му го омекне срцето.

1. Нека го пушти Жан Митрев место него, сигурно повеќе знае

2. Заев нека оди на средбата со баба му (пошто Макрон зеде дупло постара жена хехенце)

3. Омекшивач во пијачката

4. Нека му напише песна, ко оваа

5. Нешто  спротивно од Вијгра само за срце. Може да е премногу комплицирано ова, бриши

6. Време... Времето лечи сѐ. За едно 50-тина години срцето сигурно само ќе му омекне

7. Ефто Пупиноски... После ова ако не му омекне срцето нема ни потреба да влегуваме во ЕУ

8. Ваков подарок. Ако ова не му го стопи срцето значи нема ни срце

9. Нека го викне една недела да поживее во Македонија

10. Огнофрлач. Да ја решиме и работата и листата затоа што е петок поручек и сигурно нема да го читате ова, а и инспирацијата не напушта како надежите во Македонија дека ќе не биде, полека и бавно

Коментари

Популарно