Снег на Балканот - дали ќе дојде во Македонија?

Времето во Македонија денеска беше променливо облачно, од пладне и особено на запад и југозапад со врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура се движеше во интервалот од седум до 16 степени Целзиусови, а максималната дневна достигна до 25 степени. УВ индексот изнесува 5.

Во Скопје слично време. Утринската температура беше 12 степени, а дневната 23 степени.

Според УХМР, од утре до среда нашето подрачје ќе биде под циклонско влијание и ќе услови претежно облачно и посвежо време, на повеќе места со пообилни врнежи од дожд, особено пообилни во западните и јужните делови на земјава (локално над 50 л/м2 воден талог).

До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе се во пораст. Попладнево во Словенија заврна снег, а температурите драстично опаднаа. Погледнете какво време не чека неделава:

Коментари

Популарно