(ФОТО) „Досадни сте“: Тамара Тодевска од одмор „распали“ по социјалните мрежи

Социјалните мрежи се повеќе земаат поголем замав кај луѓето, па се претвараат во виртуелни сушества.

Покрај Фејсбукот, најактуелна социјална мрежа е Инстаграм која нуди најразлични опиции, од постирање на секојдневни фотографии, постирање на “кратки приказни“ кои се достапни 24часа, разновидни додатни апликации кои на корисниците им стануваат интересни и занимливи.

Најновото на „Стори“ на Инстаграм е апликацијата „Поставете ми прашање“, со која може да поставувате прашање, а и да добиете одговор.

Македонските јавни личности веднаш почнаа да ја користат оваа опција, па добиваа разновидни приватни и професионални прашања.

Меѓутоа, македонската пејачка Тамара Тодевкса која моментално се одмара на море, распали по социјалните мрежи дека се досадни со новата опција на Инстаграм.

“Дали сте досадни со “Прашај ме прашање“, напиша Тамара на социјалната мрежа, а потоа додаде дека има попаметна работа отколу да се занимава со тоа.

Инаку, Тамара е една од најактивните пејачки и многу често ги користи социјалните мрежи за да објавува од секојдневните активности.

Тамара заедно со нејзиното семејство по вторпат се одмара на море од каде често споделува и фотографии. А нејзината сестра Тијана Дапчевиќ сподели една семејна фотографија.

Коментари

Популарно