(ВИДЕО) Ја гледал смртта во очи - патник снимал додека авионот паѓа

Мал авион Convair CV-340 кој превезувал 19 патници на луксузно сафари минатата недела се урнал во близина на Преторија, Јужна Африка, при што загинале две лица, а сериозно биле повредени двајцата пилоти, објави авијациската веб-страница AIRLIVE, а пренесува Си-Би-Ес.

Еден патник ја снимил авионската несреќа на неговиот мобилен телефон преку прозорецот на авионот. Чад и оган може да се видат како излегуваат од левото крило, со коментар на човекот што снимал: „Станува лошо, ова е многу лошо”.

Како што авионот почнува да се спушта кон земјата, се чини дека пилотите ги изгасиле моторите. А не се гледа ниту писта за слетување.

Потоа, патник, на африканс, вели: „Oва ќе биде лошо“, пренесува AIRLIVE.

Моменти подоцна, звук на експлозија се слуша додека авионот удира на земјата, а екранот се затемнува. Гласови се слушаат. На крајот, повторно се јавува светлина и се гледа правлививата внатрешност на авионот.

Коментари

Популарно