Поранешниот маж на Беквалац ја виде својата ќерка после 3 месеци – еве како Наташа реагираше!

Cудот донесе одлука дека поранешниот маж на Наташа Беквалац – Лука Лазукиќ, ќе може да ја гледа нивната ќерка Катја, еднаш неделно во времетраење од половина час во контролирани услови.

Имено, против Лука беше покрената тужба за извршено физичко насилство врз поп ѕвездата Наташа Беквалац, а тој деновиве прв пат после 3 месеци го виде своето дете во центарот за социјални работи.

Наташа, соработуваше со оваа одлука и ја донесе својата ќерка за да го види татко си, но таа не се сретна со него.

Коментари

Популарно