(ФОТО) Вака летува гордата Македонка: Сузана Турунџиева – претпладне во нирвана, попладне во кафеана!

Македонската пејачка, ТВ водителка, а Бога ми и  и писателка Сузана Турунџиева и кога е на одмор има свои ритуали. Дека е горда Македонка, Турунџиева  оддамна има покажано и докажано. Па ниту крвта не е вода ниту славното војводско презиме џабе не го носи. Ама сепак и кога е на летување,таа покажува колку си ја сака својата земја – Македонија, природата околу себе и себе си и своето тело и дух, секако.

Имено, Турунџиева облечена во маичка со апликација на знамето на Македонија,  со раширени раце крај езерската шир на брегот на Охридското езеро најпрвин уште рано наутро кулираше и и’ се восхитуваше на својата татковина и нејзините природни убавини.

Малку потоа патриотската нирвана, ја замени со малку поинаква… И гардероба и поза… Поза за поздрав на сонцето! Во врска со природата и со самата себе си, Турунџиева знае како да го (до)живее моментот, зашто знае дека… животот е прекрасен!

Особено кога ти е ем окото, ем стомакот полн… Е тогаш ќе ти се наполни и душата! А за да биде полна, меѓу останатото и душата треба да се рани! Па не попусто рекле: Рани душа да те слуша! Затоа Сузана од претпладневната нирвана, попладне директно во кафеана!

Па има ли поубаво нешто од домашните специјалитети?  Добар локал, македонско мезе, ракиичка и салата… и животот е лесен, како во кралска палата!

Коментари

Популарно