Знае броеви, бои и азбука, има само 3 години, а нејзиното IQ изнесува

Офелија Морган-Дев која има само 3 години прогласена е за најпаметно дете во Велика Британија, со коефициент на интелигенција 171. Таа станала најмлада членка на здружението МЕНСА, а бројни медиуми кои пишуваат за неа, ја споредуваат со Алберт Ајнштајн кој имал коефициент на интелигенција 160.

Офелија првиот збор го изговорила на осум месеци, а бргу научила и броеви, бои и азбука. Тоа бил знак за нејзината мајка Натали дека нејзиното дете се разликува од повеќето во таа возраст, па ќерката ја одвела кај експерт кој процеил дека има висок степен на интелигенција.

Таа дури може да се сети на настани кога немала ниту една година, иако возрасните обично не паметат ништо што се случувало до третата година од детството.

– Офелија сака со мене и тато да чита книги, да се игра со бројки и букви на компјутерот. Многу е активна, секогаш нешто прави и е темпераментна. Сака да си игра и со своите врсници во паркот. Таа е прекрасно девојче, ќе бидам горда што и да постигне во животот, сакам само да биде здрава и среќна, рекла нејзината мајка за “Дејли мејл“.

Таа вели дека „многу луѓе, вклучувајќи ја и неа, се срамат да го слават интелектуалното достинување на своето дете“.

– Сфатив дека не постои разлика помеѓу родителите кои слават спортски медали на своите деца и Офелија заслужува да биде пфоалена за тоа што е исклучително памета, додава Натали.

Коментари

Популарно