Денеска истекува рокот: Израел мора да плати огромна сума на пари на швајцарска сметка или ништо од Евровизија

Штом овогодинешниот претставник на Израел, пејачката Нета Барзилај, ја однесе победата на Евровизија, веднаш почнаа противења за одржување на овој музички фестивал во Израел поради безбедносната ситуација. Дури и тогаш, се споменуваше Австрија како можна замена за Израел, судејќи по тоа дека австрискиот претставник Цезар Сампсон го освои третото место, а според гласовите на жирито, дури и првото место.

Според повеќето странски медиуми, Австрија и Виена, би можеле да бидат домаќини на големото музичко случување Евровизија следната година, бидејќи државната телевизија на Израел, КАН побарала пари од државата за организацијата на овој фестивал, но министерот за финансии одби да ги даде средствата на располагање.

Израел мора да плати кауција во износ од 12 милиони евра на швајцарска сметка како гаранција за прифаќање на организацијата на Евровизија.

Крајниот рок за исплата истекува на вторник, 14. август, и ако парите не се најдат на сметка, ќе се бара друга држава за организирање на фестивалот, а Австрија, која пред две години беше домаќин, повторно е подготвена да ја преземе оваа улога.

КАН сега се обрати до израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, со молба државата да ги стави потребните средства на располагање.

Коментари

Популарно