ВИДЕО: Ајкула во плитките води на Крит

Мала ајкула се појавила на Крит и пливала некое време во плиткото, додека внимателните туристи од плажате гледале и сето тоа го забележале со мобилен телефон.

Чудење и по малку страв меѓу капачите, но ајкулата пливала мирно и никого не вознемирила.

„Наводно станува збор за млада ајкула од видот „макошарк“, која се појавила на Крит. Колку што знам таа е заштитен вид и е многу важна за екосистемот“ напишала една туристика од Србија на Фејсбук.

Како ајкулата заталкала не е познато, но нагласено е дека е важно луѓето да бидат љубезни кон овој вид, но и да не им приоѓаат.

Коментари

Популарно