Познатиот актер Michael Caine во пензија

После Редфорд, и Мајкл Кејн е пензионер?

"Не сум пензиониран се  уште , но чувствувам дека ми е близу крајот. Станување во 6.30 часот и учењето на на  дијалог всушност не е моја идеја за рај ..."

Славниот британски глумиц Сер Michael Caine, во интервју за весникот  Мирор, откри дека "светот почнал  да му се затвора како се приближувал до 70роденден". режисерот Кристофер Нолан му понудил да се појави во неговиот филм "Бетмен Почеток".  Актерот  додава пдека со тој филм повторно ја "започнал" својата кариера.

Актерот  тврди дека ги снимил своите најдобри филмови токму во седумдесетите години и додава дека, всушност, во осмата деценија започнал нов дел од животот како постар актер.

"Кога ќе дојдете до 70. или 75. година, мислите дека е сето тоа е завршено." Јас тогаш ги направив седумте најдобри филмови, во кои сум играл, "рече актерот.

За тоа сум му  благодарен  на Кристофер Нолан, кој ме ангажира во филмовите "Бетмен: Почеток", "Мрачен витез" и "Престиж".

"Ми се допаѓа овој човек, него го сметам за моја среќна звезда", истакна легендарниот Британец, кој глуми во повеќе од 167 филмови.

Но, сепак, покрај споменатово "оживување", вели дека  наскоро ќе се пензионира.

Кејн и понатаму честопати се движеше со стап, откако во март ја повреди ногата. Минатата години изјави дека се посвети на здрав начин на живот, бидејќи се плаши од заболувања од карциноми.

Поради тоа, тој престана да пие, почна да внимава на исхраната, а поддршката му  е сопругата Шакира (71).

Следни  филмови, во кои ќе имаме можност да гледаме на легендарниот Мајкл Кейн, ќе биде "Крал на крадците" и "Четири деца и тоа“

Коментари

Популарно