Во Хрватска гром удри во море и уби момче

Неверојатна терагедија се случи вечерва во близина на Сплит , Хрватска.

Момче се бањало во морето со девојката , кога наеднаш удрил гром и го убил на самото место. Несреќата се случила на плажата Мутограс околу 18 часот , кога имало невреме  со молњи.

Хрватските медиуми , кои се повикуваат на сведоци , пишуваат дека момчето имало 25 години и било од Сараево.

,,Громот удри во морето и тогаш слушнав крик. Сфатив дека се случила трагедија. Девојката , иако стоеше до него , не беше повредена и го извлекуваше од морето . Во спасувањето учествуваа многу луѓе , но немаше спас за момчето. “ , изјави една од очевидците на несреќата. 

За само неколку минути стигнала и Итната помош , но не можеле да му помогнат на момчето.

Коментари

Популарно