Запознајте ја принципиелната новозеландска министерка за транспорт

Кај нас ретко кога можеме да ги видиме високите функционери на велосипед, кои најчесто се превезуваат со службените возила. Исклучок прават само некогаш кога го користат јавниот превоз за да остават позитивен впечаток кај гласачкото тело.

Но триесет и едногодишната министерка од Нов Зеланд не само што не го користи службениот автомобил и користи велосипед, туку таа тоа го прави додека е бремена.

Позната е како принципиелен поборник на здравиот живот и е борец за еднаквост и почитување на човековите права. Џули Ен Џентер во целост го применува она за што се бори.

Таа е пратеник и министер за јавен транспорт и здравство. Благодарение на Инстаграм, знаеме дека влегла во 42-та недела од бременоста и отишла на породување со велосипед.

Министерката веста за бременоста ја соопшти на Инстаграм: „Ќе ни биде потребно уште едно седиште на велосипедот“, напишала Џентер.

Коментари

Популарно