ФОТО: Роберт Просинечки во непрепознатливо издание

Роберт Просинечки пред извесно време ја презема фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, а мора да се напомене дека одличниот старт на оваа авантура го продолжи и во Лигата на нации, натпреварување во кое популарните „змејови“ отворија со победа против Северна Ирска.

Босанците славеа со 1:2, но сепак натпреварот остана во втор план поради изгледот на легедарниот Роби кој дефинитивно не личи на себе со стомакот и промената на физичкиот изглед.

Фотографијата на која во прв план е стомакот на поранешниот неверојатен играч за врска стана вирална на социјалните мрежи, а дел од фановите не чекаа да ги дадат првите зајадливи коментари за изгледот на популаниот „Жути“.

– Луѓе мои, зарем ова е Роби? Откако ја заврши кариерата малку се запушти, но ова….

– Роби ја голтнал фудбалската топка

– Препознатлив големиот „Жути“ и непрепознатлив пивски стомак…, – беа дел од реакциите на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно