ФОТО: Роберт Просинечки во непрепознатливо издание

Роберт Просинечки пред извесно време ја презема фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, а мора да се напомене дека одличниот старт на оваа авантура го продолжи и во Лигата на нации, натпреварување во кое популарните „змејови“ отворија со победа против Северна Ирска.

Босанците славеа со 1:2, но сепак натпреварот остана во втор план поради изгледот на легедарниот Роби кој дефинитивно не личи на себе со стомакот и промената на физичкиот изглед.

Фотографијата на која во прв план е стомакот на поранешниот неверојатен играч за врска стана вирална на социјалните мрежи, а дел од фановите не чекаа да ги дадат првите зајадливи коментари за изгледот на популаниот „Жути“.

– Луѓе мои, зарем ова е Роби? Откако ја заврши кариерата малку се запушти, но ова….

– Роби ја голтнал фудбалската топка

– Препознатлив големиот „Жути“ и непрепознатлив пивски стомак…, – беа дел од реакциите на социјалните мрежи.

ВИДЕО:Партизан и Црвена Звезда играа нерешено

Во интересен натпревар вчера екипите на Црвена Зведзда и Партизан го одиграа 158 дерби нерешено 1:1.

Многу полемики предизвика голот за изедначување на Црвена Звезда, после центрашутот на El Fardu Bena  од корнер со глава шутираше Ričmond Boaći   голманот Стојовиќ се обиде да одбрани ама сепак,судијата досуди гол, дали беше во право погледајте го видеото.

Врвот на табелата за Академија Пандев

Фудбалскиот клуб  Академија Пандев се врати на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево во Битола ја совлада Победа од Прилеп со 4:2 и со тоа го запишаа петтиот триумф во лигата. „Пандевци“ поведоа со двата гола на Миловановиќ и Шиков, а прилепчани изедначија преку Ефремов и Мустафов. Сепак гостите повторно со два гола обезбедија победа, а стрелци беа Миловановиќ и Дориев од пенал.

Значаен триумф (2:1) со гол постигнат во последните секунди на мечот во Кратово против домаќинот Силекс забележа и бранителот на трофејот Шкендија.

Гостински бодови освои и Беласица против Ренова со победата од 2:0.

Честа на домашните екипи во 6.прволигашка рунда ја спаси Шкупи кој ја совлада Македонија ЃП со 2:1.

Вчера Работнички – Вардар 0:2.

Води Академија Пандев со 15 бода, пред Шкендија и Вардар кои собраа по 14. По нив следуваат: Работнички 9, Победа 8, Шкупи 5, Силекс 5, Беласица 5, Ренова 4 и Македонија ЃП 3.

Матиќ анонимно платил 70.000 евра за операција на дете

Српската ѕвезда на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ е познат како човек со големо срце, кој никогаш не штеди на добротворните цели, и ова го покажа уште еднаш откако плати 70.000 евра за малиот Дуѓан Тодоровиќ за операција и лекување во Барселона.

Семејството Тодоровиќ од Свилајнац, открива дека Матиќ бил човекот кој помогнал на нивното дете.

„Знам дека сите сакаа да дознаат кој е анонимниот донатор. Се работи за господинот Матиќ, кому му се заблагодаруваме со цело срце“, се вели во писмото на семејството Тодоровиќ.

Матиќ, кој доаѓа од малото градче Уб, во својот роден крај е главен спонзор на фудбалскиот клуб Единство, и српските медиуми неколку пати објавуваа дека кога се враќа дома тој во локалните продавници ги подмирува долговите на тие кои се „запишуваат“. Тој исто така помогна во реконструкцијата на локалната црква и на старата кула, а тие му вратија со именување на една улица по него.

Популарно