ВИДЕО: Драматично известувал за ураганот, а еден детал го издал

Додека ураганот Флоренс беснее по Северна Каролина, репортерот Мајк Сејд излегол на улица за да ја долови атмосферата. Со тешки чекори се движел додека луѓето нормално му приоѓале од зад грб.

„Ова е навистина гадно“, говорел пред камерата, додека стоел на улица,

На снимката се гледа како ветерот секој момент ќе го одвее, додека се обидува да останена место. Меѓутоа, токму во најдраматичните моменти, од зад неговиот грб двајца минувачи шетаат без проблем, како да станува збор за мало ветре.

Оваа снимка веднаш стана предмет на исмевање на социјалните мрежи.

Телевизиската куќа за која работи Сејдл веднаш застана во негова одбрана.

„Луѓето кои се движат се движат по бетон, додека Сејд се обидува да чекори по мокра трева откако цела вечер известувал од терен. Без дилема е исцрпен“ појасниле.

Коментари

Популарно