ВИДЕО: Погледнете што може да значи „неприлагодена“ брзина...

Минувањето низ кружен тек за многумина е стресен маневар, а на тие што не се внимателни, може да им се случи и буквално да прелетаат преку овој тип на раскрсница.

Снимката направена во Норфок во Англија на која што се гледа сообраќајната несреќа на кружен тек за експресно време се прошири на социјалните мрежи и низ англиските медиуми.

Поради брзото и несовесно возење, еден возач не можеше да заврти на кружниот тек, па влета со толку голема брзина, така што веќе беше предоцна. Тој фронтално налета на кружниот тек и практично полета.

Коментари

Популарно