ФОТО: Пекара „Специјал“ дел од отварањето на новото игралиште во Веро Тафталиџе

Во саботата на 22 Септември по повод отворањето на новото игралиште во склоп на маркетот  Веро Тафталиџе, се одржа настан наменет за најмалите. Големата забава на паркингот на самиот маркет, кај новото игралиште беше исполнета со бројни активности. Децата и родителите  уживаа во куклена и жонглерска претстава и се забавуваа со Петко и  бендот пет +. 

Пекарата Специјал, која во сегментот пекарство е една од компаниите со надолга традиција на пазарот, беше дел од овој настан изложувајќи дел од својот широк асортиман на производи.

Пекарата во надворешниот дел од маркетот изложи уникатни пекарски специјалитети за дегустација од својата солена програма, додека пак во внатрешниот дел на Веро изложи  слатки десерти кои можеше да се дегустираат и оценуваат преку анкета.  Присутините имаа можност и самите да се уверат во квалитетот на програмата на Специјал и да уживаат во тополи оброци подготвен од рацете на врвни мајстори.

Забавниот настан го организираше Веро со цел да ги поттикне децата повеќе да се дружат и да поминуваат повеќе време во различни забавни и спортски активности на отворено. Пекара Специјал, како компанија која традиционално дава поддршка на ваков тип на настани, со задоволство зема учество во истиот.

Коментари

Популарно