ВИДЕО: Ништо од „дуелот“ меѓу Боки13 и Зоран Божиновски

Долго најавуваниот дуел меѓу Бојан Јовановски - Боки13 и Зоран Божиновски, траеше кратко. 

По серијата објави и обвинувања од страна на Зоран Божиновски до Боки13, телевизијата 1тв.мк реши да му остапи место на својот директор да му биде домаќин на Божиновски. Сепак, дуел не видовме. 22 минути беа потребни за гостинот да го напушти студиото. 22 минути во кои речиси и не доби простор да каже било што, а единственото интересно нешто што го слушна публиката е признанието на Бојан дека „И вас исто така не можат извршители да ве најдат“.  Во последната минута од „дуелот“ Боки13 јасно му кажа: „Не може ништо да кажете“

Емисијата секако не заврши тука, бидејќи Бојан си продолжи сам со спремни прилози. Погледнете:

Коментари

Популарно