СЈО Конечно реши да “ удри и по ДУИ“

Во средата Специјалното јавно обвинителство (СЈО) соопшти  дека по нелегалните прислушувани телефонски разговори кои и ги достави сега владејачката СДСМ, отворило шест нови истраги кои се однесуваат на поранешни носители на високи функции во владата и во стопанството.

Според, потврдата и на првата обвинителка на СЈО, отворени се сучаите кои се водат под имињата „Подарок“, „Пропаганда“, „Пациент“, „Дизајн“, „Хармонија“ и „Базни Станици“.

Меѓу осомничените се поранепниот премиер Никола Груевски и министерот за градежнитво во неговата влада, Миле Јанакиески, против кои веќе се водат процеси. Осомничени во овие случаи се и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, актуелниот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, осомничен за перидот кога беше министер за здравств, потоа, актуелниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев, но и пораншениот директор на „Т Мобиле“, Жарко Луковски, како и поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски. Овие лица заедно со уште 20-ина други се осомничени дека го оштетиле државниот буџет во висина од речиси 80 милиони евра.

Во истрагата „Подарок“ осомничени се Ставрески и Јанакиески, дека во периодот од јануари 2012 година до јули 2014 ја злоупотребиле службената положба и овластувањата и го оштетиле Буџетот за речиси 33 милиони евра, бидејќи прибавиле имотна корист за руска компанија. Рускиот долг требало да се регулира со изградба на гасоводот Клечовц е- Блок станица 5, за цена којашто СЈО оценува дека била наводно далеку повисока од реалната. Со една реченица, Македонија фактички со свои средства си го платила гасоводот, а дологот на Русија кон Македонија, фактички станал подарок за Русија, пишува СЈО.

Во втората истрага наречена „Пропаганда“ се опфатени девет лица, меѓу кои и Никола Груевски, Кирил Божиновски, и актуелниот директор на МРТ, Марјан Цветковски. СЈО се сомнева дека осомничените формирале злосторничко здружение, со кое преку распределба на средства од државниот Буџет и преку преземање локални телевизии и едно радио влијаеле на независноста на радиодифузерите. За период од пет години, од 2010 до 2015 година, биле испалтени 30 милиони евра од Буџетот, а најголем дел од парите завршиле кај радијата и телевизиите кои ја поддржувале политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот „Пациент„ се осомничени 15 лица, меѓу кои и Бујар Османи како поранешен министер за здравство. СЈО ги сомничи дека фаворизирале и доделиле јавна набавка на фирма од Бугарија, за која иако знаеле дека не ги исполнува условите, била избрана да ги реконструира болниците во Тетово и Охрид, како и гинеколошата клиника Чаир во Скопје.

Во четвртата истрага „Дизајн“, осомничен е Миле Јанакиески и уште тројца службеници за злоупотреба на служабената положба и овластување при набавката на двокатни автобуси за град Скопје. Тие ја фаворизирале кинеската фирма ЈУТОНГ и го оштетиле буџетот во износ од пет милиони евра.

Истрагата за случајот „Хармонија“, СЈО ги сомничи Никола Груевски, Миле Јанакиевски и Стевче Јакимовски, дека незаконски му дозволиле на приватниот Меѓународен балкански универзитет да добие две парцели на атрактивно земјиште во касарната „Илинден“, со што го оштетиле Буџетот за речиси 400 илјади евра.

Последниот случај кој го објави СЈО, наречен Базни станици го сомничи поранешниот директор на „Т Мобиле“, Жарко Луковски, дека наводно ѝ платил на фирмата „Бетон3, трипати повисока цена, во висина од 3, милиони евра, за легализација на дивопоставени базни станици.

Коментари

Популарно