Љубчо Георгиевски ги откри „непријателиите“ на Никола Гриевски

Екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во својата нова издадена книга „Каде одиш Македонијо?“ вели дека во 2003 година кога се решил да го остапи претседателското место на партијата, со цел истата да добие успех на следните парламентарни избори, и покрај тоа што мнозинството соработници биле против Груевски да биде нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, токму тој се одлучил да лобира за тој лично да биде неговиот наследник.

Екс премиерот Љубчо Георгиевски во својата нова книга „Мојата македонска приказна – Каде одиш Македонијо“, меѓудругото, го опишува и периодот кога одлучил да се повлече од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ и неговата поддршка да ја даде на Никола Груевски, кој во владата од 1998-2002 беше министер за трговија и министер за финансии.

Зошто Никола Груевски?

Независно од фактот што тој релативно доцна влезе во ВМРО-ДПМНЕ, имав преценето дека четирите години, како министер за трговија и како министер за финансии, солидно ги одработи. Им беше посветен на реформите во секторите каде што беше ангажиран. Нормално, во работата беше направил и некои грешки, но несомнено се докажа во сферата на финансиите и трговијата.

Независно од протиставените мислења и дискусии за одредени прашања, тој и понатака за мене претставуваше лик кој го промовира економскиот имиџ на партијата. Тоа ми беше особено значајно, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите, од своите опоненти, беше проскрибирана за национална, екстремна партија. Значаен момент при донесувањето на мојата одлука да го предложам Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, е што тој беше еден од ретките министри во мојата влада кој не дискутираше за историја.

Тој често оддаваше впечаток дека не ја следни ни актуелната политика, не покажувајќи интерес ни кон настаните што се случуваа во актуелниот политички миг во државата. Оставаше впечаток на човк, необременет ни со историјата ни со политиката, единствено заинтересиран за економијата и финансиите.

За разлика од сите други коишто сами се понудија да бидат претседатели на партијата, нему лично јас му предложив тој да биде човекот кој ќе ме замени! И денес, точно се сеќавам на зборовите што му ги упатив: „Никола, дали знаеш во што била една од тајните на големата Римска империја? Римските императори кога требало да назначат наследник, многу ретко ги избирале сопствените деца, туку избирале способни команданти или способни политичари кои ги процениле дека можат да бидат нивни достојни наследници. Потоа, на возрасни години ги посвојувале, за да го запазат нормативот на царство – династија! Мислам дека е добро и ние во ВМРО да го примениме римското искуство.

Во книгата Георгиевски објаснува дека Марјан Ѓорчев како постар член на партијата имал многу пријатели и приврзаници кои што безрезервно го поддржувале, за разлика од Груевски, па затоа тој лично извршил влијание врз некои членови на Централниот комитет на партијата.

Специфичен момент е што некои од нив, иако беа категорични во изјавите за поддршка на Марјан Ѓорчев, по моето разидување со Груевски станаа негови блиски соработници, им беа доделени високи позиции во партијата, а по осојувањето на власта, беа именувани на значајни државни функции. Беа повеќемина, но ќе ги наведам само Силвана Бонева, Илија Китаноски, Влатко Ѓорчев, Антонио Милошоски и Филип Петровски, вели Георгиевски во книгата.

Коментари

Популарно