„Зошто Милена и јас немавме деца“

Вчера, на 79-годишна возраст во болница во Белград, по долга битка со тешка болест, почина 79-годишната актерка Милена Дравиќ. Милена беше една од најдобрите актерки кои Југославија и Србија ги имаше, а зад себе остави многу улоги по кои ќе ја паметиме.

Нејзиниот сопруг, легендарниот актер Драган Николиќ во едно од своите интервјвјуа пред точно 10 години откри досега непознати работи за своето детство, љубовта, актерските почетоци, како и бракот со актерката Милена Дравиќ, жената на неговиот живот.

Во интервјуто открил како се чувствува поради фактот што никогаш не се остварил како родител.

-Да се биде родител е едно искуство и нешто што е потребно на секое живо суштество поради продолжување на видот. Сметам дека тоа што немаме деца е голем недостаток, не мана, но едноставно е така. Тоа ни даде можност сите деца да ги гледаме како свои. Ние ја имаме нашата мала внука Ива. Таа ни надомести за се она што го немавме и околу што не се врти нашиот свет“, рекол Николиќ.

Коментари

Популарно