Дали сте едни од оние родители чии бебињата обожуваат да ги држите во раце?

Вашето бебе не може ништо да направи само и затоа верува дека вие ќе се погрижите за сè што треба: храна, топлина, заштита. Плачењето е начин на кој ви кажува дека нешто му треба.

Новопечените родители нема веднаш да знаат да препознаат што му е потребно на бебето. Но, со текот на времето ќе научат да ги препознаат различните пораки од плачот. Како што бебето ќе расте, ќе пронаоѓа и нови начини на комуникација.

Кога бебето ќе заплаче, родителскиот инстинкт е да го земе во раце и да го смири. Многу често тие престануват со плачење токму тогаш. Причината поради која бебето се смирува кога го држите во раце е тоа што држењето е координирано со централните, моторичките и срцевите состојби.

„Доенчињата помлади од шест месеци, кои родителите ги носат, брзо се смируваат и престануваат да плачат, а со тоа им се намалува и брзината на отчукувањето на срцето, во споредба со бебињата на родителите кои седат“, велат експертите во заклучокот на своето истражување од 2013-та година, кое е објавено во магазинот „Current Biology“.

Коментари

Популарно