Кабиб има само еден услов за борбата со Мејведер

Флојд Мејведер ги прозва потенцијалните организатори и со самото тоа му одговори на Кабиб Нурмагомедов за предизвикот кој го испрати УФЦ борец, па на тој начин, јасно стави до знаење дека е подготвен за вистински спектакл и борба со популарниот руски „орел“.

Новиот УФЦ шампион понесен од победата над Конор МекГрегор му испрати директна порака на непоразениот бокс шампион и го предизвика на борба, а откако Американецот даде зелено светло за организирање на ваков спектакл, Нурмагомедов постави еден услов за одржување на истата.

Кабиб се согласува на борба со Мејведер во било какво сценарио, само не во Лас Вегас каде се одржа последната битка која ја имаше со Конор МекГрегор, а по која не беше исплатен за инцидентот кој го предизвика.

– Флојд Мејведер само не Лас Вегас, тие нема да ги исплатат моите пари, – порача Нурмагомедов на Твитер.

Коментари

Популарно