Кабиб има само еден услов за борбата со Мејведер

Флојд Мејведер ги прозва потенцијалните организатори и со самото тоа му одговори на Кабиб Нурмагомедов за предизвикот кој го испрати УФЦ борец, па на тој начин, јасно стави до знаење дека е подготвен за вистински спектакл и борба со популарниот руски „орел“.

Новиот УФЦ шампион понесен од победата над Конор МекГрегор му испрати директна порака на непоразениот бокс шампион и го предизвика на борба, а откако Американецот даде зелено светло за организирање на ваков спектакл, Нурмагомедов постави еден услов за одржување на истата.

Кабиб се согласува на борба со Мејведер во било какво сценарио, само не во Лас Вегас каде се одржа последната битка која ја имаше со Конор МекГрегор, а по која не беше исплатен за инцидентот кој го предизвика.

– Флојд Мејведер само не Лас Вегас, тие нема да ги исплатат моите пари, – порача Нурмагомедов на Твитер.

ФОТО: Роналдо со семејството пристигна на Балканот

Фудбалерот Кристијано Роналдо заедно со неговата девојка Георгина Родригез слета на аеродромот „Ќилипи“ во Дубровник , а потоа се смести во вила во која ноќевање чини 7 000 евра. Таму славниот фудбалер ги поминува велигденските празнични денови.

Во истата вила, наречена ,,Шехерезада” , престојувале и познати актери како што се Џејми Фокс, Елизабет Тејлор, Ричард Бартон и Софија Лорен.

Георгина на Инстаграм веќе сподели и фотографија.

Третманот каков што оваа двојка го добила во Дубровник не го добиле ниту најголемите државници во светот.

Самсоненко заминува од РК Вардар!

Интегрално ви го пренесуваме соопштонието на Сергеј Самсоненко

Почитувани граѓани, пријатели! Почитувана јавност!

Изминува веќе 7-та година од моето раководење и финансирање на ракометот во државата, започнувајќи од ЖРК Вардар во 2012 година и веќе во 2013 година приклучувајќи го и РК Вардар.

Од седумте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот.

Приходот кој ракометниот клуб го има од страна на Европската Ракометна Федерација и од спонзори изминативе години не е ни 10% од буџетот кој јас го давам годишно.

Добив премногу ветувања дека за кратко ќе добијам помош за ракометот, но еве веќе како што напоменав измина и седмата година и таа помош ја нема.

Ова е причината поради која јас од следната сезона не сум во можност да продолжам со финансирањето на ракометниот клуб Вардар.

Во изминатите години РК Вардар како симбол на државата доминира во спортот. Вардар е, и ќе биде национална гордост за секој граѓанин. Вардар стана европски првак во машка конкуренција во ЛШ во 2017 година и на нашата земја ѝ го донесе европското злато.

„Црвено-црните" како што не нарекуваат ја освоија европската круна во Келн, и никогаш нема да заборавам ниту јас ниту сите граѓани како во Скопје не пречекаа илјадници луѓе и се поклонија за успехот на ракометарите.

Да не заборавиме дека 6 сезони во ЖРК Вардар донесоа: 6 првенствени титули, 5 купови на РМ, 5 учества во лигата на шампиони од кои три пати Европска бронза и двапати го освоивме второто место.

Шест сезони во РК Вардар донесоа : 4 првенствени титули, 5 купови на РМ, 2 супер купа на РМ, 4 регионални СЕХА титули, едно изгубено полуфинале во лигата на шампионите и титулата со непроценливо значење, освојувачи на ЛШ во 2017 година

Заради сето ова погоре со ова мое искрено писмо отворено Ги повикувам сите македонски бизнисмени да дојдат и да се приклучат кон финансирањето на Ракометниот клуб.

Вардар е едната радост на нашата земја! Се надевам дека ова ќе допре до Вашите срца и заедно ќе ја сочуваме нашата гордост!

Со почит,

Сергеј Самсоненко

Видео: Даниел Стефановски се закити со нова светска титула

Доцна синоќа  Даниел Стефановски се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик бокс организации. Стефановски за противник го имаше Софијан Алилуше од Франција.

Македонскиот шампион Даниел Стефановски, кој е Европски и Швајцарски првак во тајландски бокс, на синоќешниот натпревар во Цирих се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик боксерски организации.

Стефановски на синоќешниот натпревар доминираше против Францускиот противник Софијан Алилуше и му зададе катастрофален пораз уште во првата рунда. Французинот Алилуше после силнио К.О падна на колена пред Македонскиот воиин, а Даниел ја однесе победата на натпреварот и во неговата богата колекција на титули и бројни светски и европски признанија, се закити со нова светска тутула на ИСКА.

Даниел е исто така и Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а исто така двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година.

Гордиот Македонец Даниел Стефановски е роден во Швајцарија, а неговите родители потекнуваат од Куманово.

Првите чекори и љубовта за овој спорт ги покажал кога имал 13 години. Неговата професионална кариера ја започнал со мај-тај и кик-бокс, а во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.

Неговите амбиции не застануваат на овие титули, туку се стремат кон нови победи и успеси во неговата професионална кариера.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

We are ready👊🏻 #andnew #iska #worldchampion #war #themacedonianwarrior @mirkokuhn

A post shared by TEAM STEFANOVSKI👊🏻 (@k1_daniel_stefanovski) on

Популарно