Голема промена на времето во Македонија

Денеска е четврток, 18 октомври 2018 година, 291-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 74 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 48 минути, а ќе зајде во 17 часот и 49 минути.

Денов трае 11 часа и 1 минута.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 15 часот и 2 минути, а ќе зајде 15 минути по полноќ.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје претежно сончево. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и суво време со дневни температури над просекот за овој период од годината. Од сабота ќе започне да дува повремено засилен северен ветер, а од недела ќе преовладува променливо облачно, ветровито и постудено време со повремени врнежи од дожд.

Коментари

Популарно