Издаден е првиот родово неутрален пасош

Во Холандија е издаден првиот родово неутрален пасош. Леон Зегерс (57) добил пасош со ознака "X" во полето за пол, наместо "M" за маж или "Ж" за жена.

Роден е како маж, Зегерс во 2001 година подлегнал на операција за да стане жена, но денес се идентификува како "интерсексуалец". 

Зегерс го добил случајот на суд откако поднел тужба. Судот за тоа образложи дека тоа е спречување за регистрирање на лица како родово неутрални и е еднакво на "нарушување на приватниот живот, самоопределување или лична автономија".

Блиску до 4% од холандската јавност не се изјаснува како маж, ниту како жена.

И покрај оваа одлука на судот, и понатаму на судот му останува да одлучи дали поединецот има право да се идентификува или изјаснува како "X" личност.

Коментари

Популарно