Огромна маса народ пред Собранието бара втор референдум

Околу 670 илјади граѓани протестираа на Плоштадот пред Парламентот во Лондон, барајќи втор референдум за брегзит, во организација на „Гласот на народот“.

Протестот се одржа во исто време со трката посветена на Брегзит, организирана од Најџел Фараџ.

Пратениците од големите политички партии го поддржаа маршот, со повик за нов референдум.

Но, таа опција одамна е отфрлена од премиерката Тереза Меј.

На референдумот во јуни 2016 година, за излез на Британија од Европската унија гласаа 51, 89 отсто за, а 48, 11 против.  Британија треба да излезе од ЕУ на 29 март 2019 година.

Коментари

Популарно