Првиот сопруг на Милена Дравиќ се појави на погребот

Српската актерка Милена Дравиќ вчера беше погребана во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта покрај својот сопруг Драган Николиќ.

На погребот присуствуваше нејзиниот прв сопруг, режисер и сценарист Пуриша Ѓорѓевиќ кој се појавил со црвена ружа во раката оставајќи ја на местото каде почина неговата најголема љубов.

Милена и Пируша се венчале во 1960 година, а во брак биле неколку години. Во едно интервју тој има откриено дека од сите жени, најмногу ја сакал токму Милена.

-Од сите жени кои ги познавав и кои ги сакав, уште единствено и најмногу ја сакам Милена Дравиќ, изјавил во една прилика Ѓорѓевиќ.

Коментари

Популарно