ВИДЕО: Жан Клод Ван Дам објави видео од Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ важи за една од најуспешните пејачки во регионот, но и е добра пријателка и колешка со ѕвездите од светскиот џет – сет. Мирковиќ е добра пријателка со актерот Жан Клод Ван Дам.

Таа не ја пропушти приликата јавно да му го честита роденденот.

Пејачката која моментално се наоѓа на турнеја во Америка,  роденденот на познатиот актер му го честита со видео порака, а тоа дека тој се радува на нејзината честитка покажа и фактот што видеото го објави на својата официјална Фејсбук страница.

„Не можам доволно да се заблагодарам на моето семејство и пријателите за сите роденденски желби. Еве уште една, од мојата добра пријателка, прекрасната Драгана Мирковиќ, напиша Жан Клод Ван Дам.

Коментари

Популарно