Скандалозно: Даниел Марино треба да плати 44 милиони долари, бидејќи...

Песната се нашла на неговиот најпродаван албум за 2004. година.

Текстописецот од Филаделфија, Даниел Марино, ја добил пресудата за штета за украдена песна во висина од 44 милиони долари, пренесуваат странските медиуми. 

Неговата песна ја украл, ни повеќе ни помалку, туку славниот Ашер, кој ја преименувал во "Bad Girl", а овој хит се нашол на неговиот албум "Confessions" во 2004. година.

Со овој албум Ашер постигнал рекордна продажба, со оглед на тоа дека албумот бил продаден во повеќе од 10 милиони примероци и добил дијамантски статус. 

Даниел на суд навел дека во 2001. и 2002. година работел на песната "Club Girl" и дека зад се стои само неговото име како автор и продуцент.

Парницата почнала уште во 2011. година, а адвокатот на Марино навел дека седум години, и покрај се, верувал во својот клиент и неговите тврдења, наведува "Rolling Stone".

Коментари

Популарно