Сајт за возрасни на Дејвид Швимер му нуди да глуми во порно пародијата "Пријатели"

"За на сите да им ги исполниме соништата, ние сакаме тие таленти да ги вратиме на екран и ви нудиме милион долари да глумите во порно пародијата "Пријатели"", наведува во своето писмо сајтот "YouPorn".

Веќе со години наназад тренд е некој популарен ситком или филм да добие своја порно пародија. Како што стојат работите, серијата "Пријатели" ќе добие ваква верзија, а сајтот "YouPorn", кој стои зад овој проект, на актерот Дејвид Швимер, кој во серијата го глумел Рос Гелер, му понудил огромна количина на пари за да ја репризира својата улога во порно индустријата. 

Како што се зборува, станува збор за сума од дури милион долари. Сајтот "meaww.com" дошол до писмата кои "YouPorn" му ги пратил на Швимер, и во кои наведуваат дека им недостасува времето кога "Пријатели" го веселеле народот, додека серијата се емитувала на малите екрани.

"За на сите да им ги исполниме соништата, ние сакаме тие таленти да ги вратиме на екран и ви нудиме милион долари да глумите во порно пародијата "Пријатели"", наведуваат од "YouPorn".

Швимер не се огласил по повод оваа понуда.

Погледнете како Дејвид Швимер го глумел Рос Гелер во серијата "Пријатели", која се емитувала од 1994. до 2004. година.

Коментари

Популарно