Сајт за возрасни на Дејвид Швимер му нуди да глуми во порно пародијата "Пријатели"

"За на сите да им ги исполниме соништата, ние сакаме тие таленти да ги вратиме на екран и ви нудиме милион долари да глумите во порно пародијата "Пријатели"", наведува во своето писмо сајтот "YouPorn".

Веќе со години наназад тренд е некој популарен ситком или филм да добие своја порно пародија. Како што стојат работите, серијата "Пријатели" ќе добие ваква верзија, а сајтот "YouPorn", кој стои зад овој проект, на актерот Дејвид Швимер, кој во серијата го глумел Рос Гелер, му понудил огромна количина на пари за да ја репризира својата улога во порно индустријата. 

Како што се зборува, станува збор за сума од дури милион долари. Сајтот "meaww.com" дошол до писмата кои "YouPorn" му ги пратил на Швимер, и во кои наведуваат дека им недостасува времето кога "Пријатели" го веселеле народот, додека серијата се емитувала на малите екрани.

"За на сите да им ги исполниме соништата, ние сакаме тие таленти да ги вратиме на екран и ви нудиме милион долари да глумите во порно пародијата "Пријатели"", наведуваат од "YouPorn".

Швимер не се огласил по повод оваа понуда.

Погледнете како Дејвид Швимер го глумел Рос Гелер во серијата "Пријатели", која се емитувала од 1994. до 2004. година.

Роналдо „го шишаат“ само на терен

Судот воШпанија го одби барањето на ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо да сведочи преку видео линк во случајот на затајување данок.

Како што пишува „АС“ барањето, а исто така на Роналдо не му било позитивно одговорено ниту на барањето во судницата да дојде преку подземна гаража со цел да се избегне вниманието на медиумите.

Во 2017 година, Португалецот како играч на Реал Мадрид, беше обвинет за затајување данок во висина од околу 14,8 милиони евра.

Роналдо ги прифати обвиненијата и ќе мора да плати парична казна од 19 милиони евра, а доби и затворска казна од 23 месеци. Сепак тој нема да ја одлежи казната, бидејќи според законите на Шпанија, првата казан е условна ако не надмине 24 месеци.

Видео: Ова несекојдневно фрлање на крстот се уште не е надминато

Православните верници вчера масовно го одбележуваат верскиот празник Богојавление – Водици.

Ако досега не сте го погледнале, тогаш да се потсетиме на ова несекојдневно видео, фрлање на крстот во преспанското село Подмочани.

Видеото е снимено пред осум години, односно во 2011-та година.

Овој празник го симболизира крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител.

На Водици, црквата го извршува големиот водосвет, а осветената вода се верува дека е лековита.

Кој е сонот на Путин?

Рускиот претседател по четврти пат го посети српскиот главен град, Белград. Шеесет и шестгодишниот руски претседател сака да патува и ваквите професионални обврски не му се тешки, но мал проблем е тоа што него го интересираат малку поинаков тип патувања – без голема придружба, камери, набиена агенда и премногу луѓе.

Иако веќе долго време е на чело на Русија, логично е дека Путин во еден момент ќе се повлече, а пред неколку години, тој отворено зборуваше за плановите за пензионерските денови, при што ја истакна желбата за патување во природа и посета на некои туристички атракции.

„Би сакал успешно да ја завршам својата кариера“, изјави Путин при посета на една фабрика, кога во една од малкуте такви ситуации, го спушти гардoт и му се довери на еден работник – „Сакам да патувам. Денес, сите моите патувања се сведуваат на тоа да стигнам до аеродромот, во хотел, а потоа се враќам назад на аеродром. Би сакал да патувам во друг стил. Да одам некаде во природата, да видам некои туристички дестинации“, рекол рускиот претседател.

Со оглед на тоа што не зборува премногу за својот личен живот, уште во само едно интервју Путин откри дека често оди на викенди во природа, на локација каде еден од неговите пријатели има куќа. Како што рече, само во дивината се одмора онака како што сака.

Популарно