Груевски од Будимпешта бара оставка од Шилегов

Екс премиерот на Република Македонија Никола Груевски по осудителната пресуда за 2 годишна казна затвор, денеска на својот ФБ профил се пофали дека е во Будимпешта, од каде што ќе бара политички азил од унгарските власти.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во својот ФБ статус има напишано дека добил закани по животот и дека и во иднина никогаш нема да отстапи од каузата за Македонија.

Но покрај овој реален статус на Груевски, на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер се појавија еден куп твитови и статуси на сметка на бегството на екс премиерот, со кој тие покрај сериозноста на ситуацијата, сакаат да внесат и хумор во целата оваа состојба.

Еден од тие ФБ статуси е и овој ФБ статус каде што Никола Груевски наводно бара оставка од Шилегов бидејќи е загадено Скопје, притоа додавајќи дека воздухот во Будимпешта не е до толку загаден.

Еве ја фотката за оваа шала која вирално се шири на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно