ФОТО: Џенифер Анистон е сеуште секси како во најубавите години

Џенифер Анистон (49) е позната по својата совршена градба. Не е класична слаба девојка, а делува како здрава и силна жена. Тајната на нејзината совршена линија е боксот.

Холивудската актерка тврди дека овој вид на тренинг е одличен не само поради обликување на телото туку и за исфрлување на негативната енергија.

Со ваков тренинг, актерката ги обликува рацете и стомакот, но и нозете, бидејќи телото постојано ѝ е во движење.

Вежба од три до шест пати неделно, а тренинзите некогаш траат 45 минути, но некогаш два часа. Напорно вежба кога има некое важно случување.

Тренингот се состои од скокање со јаже, трчање, класични боксерски потези и др.

Џенифер е една од 300 познати личности кои својата линија ја одржуваат вежбајќи бокс. Ваков тип на тренинг има одлични психофизички последици на организмот, го затегнува целото тело и е одличен за кардиоваскуларниот систем.

„После бокс тренингот се чувствувате ментално испразнето од сите лоши работи кои ги слушате и гледате секојдневно. Постои и оној сладок момент кога помислувате на некои од тие работи додека удирате“, рекла во една прилика актерката за магазинот „Style“. 

Коментари

Популарно