ВИДЕО: Фараж “и плесна” во лицe на Меркел

Пратеникот во Европскиот парламент Најџел Фараж ја нападнал Ангела Меркел поради нејзиниот настап на церемонијата по повод 100 години од крајот на Првата светска војна и пласирањето на идејата дека ЕУ треба да се милитаризира и да оформи своја војска.

Фараж истакнува дека Меркел ја фалсификува историјата и улогата на Германија во Големата војна.

“Госпоѓо Меркел многумина ве исфиркуваат денеска, но мислам дека не би требало затоа што без вас не би го имале “Брегзит”. Сакам да ви се заблагодарам за тоа. Бројни евро-скептични групи ќе се вратат овде после следните избори за ЕУ парламентот, тие ќе се вратат во уште поголем број пратеници. Се по заслуга на вашата имиграциона политика”, рекол Фараж.

Лидерот на “Брегзит” остро ја критикувал екстремната политика на отворени граници на Ангела Меркел, истакнувајќи го фактот дека најголемиот дел од мигрантите не го сочинуваат бегалци, туку млади и воено способни мажи кои не сакаат да се интегрираат во општеството во кое доаѓаат.

“Ние не сакаме да бидеме дел од ЕУ во која доминира Германија и да плаќаме цена за грешките на Меркел”, рекол Фараж и додал:

“Нашето излегување од ЕУ е ослободување, сега ни велат дека ЕУ станува империја, станувате милитаризирани, станувате недемократска ЕУ, тежнеете да ја продолжите експанзијата кон Исток, ЕУ започна нова Студена војна со Америка, сега се ЕУ која тежнее да го прекрие Истокот. Мислам дека 100 години после примирјето треба да бидеме загрижени”, истакнал Најџел Фараж.

“Идејата ви е дека новата милитаризирана Унија ќе биде рецепт за мир, ви сугерирам да седнете и малку подобро да размислите, можеби сите треба да ја прочитате историјата на Европскиот проект кој настана за да се спречи доминацијата на Германија. Вашата одлука да ја отворите вратата за мигрантите е најлоша во пост-воениот период на Европа. Време е да и се извините на Европа за се што направивте и за тоа што Европјаните ќе го трпат во наредните децении”, порачал Фараж и бил поздравен со аплаузи од пратениците во Европскиот парламент.

Коментари

Популарно