Џеси Џеј: "Не се откажувам од желбата да бидам мајка, ќе пронајдам начин"

Пејачката Џеси Џеј со фановите неодамна ја сподели веста дека може да има деца, но потоа даде до знаење дека случајот нема да го остави така. Џеси е сосема сигурна во својата намера и верува дека еден ден сигурно ќе биде мајка.

Откако ја сподели веста за својата неплодност, пејачката се отвори за големата желба да биде мајка. 30 годишната пејачка моментално е во врска со Ченинг Тејтум. 

"Откако го објаснив значењето на песната "Four Letter Word" добив многу поддршка и охрабрување од фановите. Ви благодарам!", споделила на својот Инстаграм профил во саботата.

"Пред четири години ми беше кажано дека ќе нема да можам да имам деца. Исто така ми рекоа дека ми е потребна хистеректомија и голема количина таблети. Одбив хистеректомија и земам природни лекови и сум на посебна диета. Не сум се откажала и правам сè што можам за бременоста да се случи", рекла Џеси.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💭

A post shared by J E S S I E . J (@jessiej) on

Таа исто така додала дека милиони жени поминуваат низ истото и дека разбира колку е емотивно патувањето за мајчинство.

"Моето искуство е само едно во милион. Јас стојам со Вас девојките и жените, да се обединеме во болката и да ја претвориме во радост", порача пејачката додавајќи дека знае дека ќе биде одлична мајка на своето дете.

"Јас ќе бидам мајка, а и Вие. Верувам во чуда, ако ова не се случи природно, тогаш не е судено да се случи на тој начин. Но, мајката постои кај сите нас, тоа не инспирира нас секој ден. Храбри сме и силни! Времето ќе покаже за сè останато!", рекла.

Коментари

Популарно