ВИДЕО: Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми. Според информациите што ги објави РТС, станува збор за 25-годишната Дeјна Лес.

Според светските медиуми кои цитираат очевидци, полицијата била повикана во болницата кога напаѓачот почнал кавга со својата девојка, докторката Тамара О’Нил, со која претходно бил свршен. Најверојатно, според очевидци, тие двајца се скарале поради прекинување на свршувачката.

Според изјавите на очевидците, напаѓачот испукал повеќе куршуми кон докторката по што отворил оган и кон другите луѓе кои во тој момент се нашле во болницата. По убиството на девојката, напаѓачот потоа застрелал фарамцевтка, која случајно излегла од лифтот во ходникот.

Третото загинато лице е полицаец, кој бил на должност. АП пишува дека не е наведено дали напаѓачот извршил самоубиство или бил убиен.

Според неофицијалните информации на РТС, 25-годишната девојка со српско потекло, која живеела во Чикаго, Дeјна Лес, која, најверојатно, е меѓу убиените, летово докторирала фармација на познат универзитет во Индијана, кој се наоѓа на два часа јужно од Чикаго.

Пријателите на Дајна Лес на социјалните медиуми велат дека таа се вработила во болницата во јули и дека требало да прави свадба во јуни в година.

Коментари

Популарно