ВИДЕО: Незгодна средба на Заев и Орбан

Заев и Орбан не се сретнале за да разговараат за Груевски на самитот во Загреб и покрај тоа што седеа на заедничка маса.

Наместо тоа, македонскиот премиер остварил средба со унгарскиот вицепремиер, но нема информации дека на неа станало збор за азилот кој Груевски го доби во оваа земја членка на НАТО и Европската Унија. Според она што беше соопштено, темите на разговор биле од областа на економијата.

Груевски од средината на минатиот месец е во Унгарија, откако во Македонија беше осуден на 2 години затвор во случајот Тенк, каде судијката Добрила Кацарска пресуди дека тој е виновен затоа што се наградувал себе си со тоа што се возел во Мерцедесот.

Коментари

Популарно